Австриската јавност е згрозена од злосторот од 14-годишен мигрант од Македонија, кој помогнат од една година постар сонародник силувал соученичка во Виена, а шокирана е и од казната од само четири месеци затвор за извршителот.
„Како може некому да му падне на ум да го има својот прв секс на ваков начин?“, беше прашан силувачот во виенскиот Државен суд во вторникот, пишува весникот „Кронен цајтунг“.
На 17 септември 2018 година момчето ѝ пришло на жртвата на иста возраст, ја присилило Австријката да влезат во лифт и таму ја силувало, а потоа ја натерало на орален секс. Ни тоа не било доволно, па гнасниот чин го снимал 15-годишниот другар со мобилен телефон додека ѝ ја држел затворена устата на девојката, а пред тоа му дал кондом на извршителот на делото.
Снимката потоа бесплатно ја рашириле меѓу учениците преку интернет, а кога дознала за неа, настанот го пријавила директорката на средното училиште. Силуваната девојка не ѝ рекла дури ни на мајка си, најверојатно од срам.
На силувањето му претходеле обиди на силувачот да стапи во врска со девојката од друг клас во училиштето. По два дена таа повеќе не сакала да биде заедно со него, бидејќи момчето не одговарало на повеќе нејзини телефонски повици и изгледало несигурно. Момчето потоа ја повикало да поразговараат во дворот пред зградата каде што живее таа. На средбата го придружувал и неговиот другар, седнале на скалите и одеднаш двете момчиња ја зграпчиле и ја одвеле до лифтот. Уапсени се на 23 ноември 2018 година.
Силувачот добил две години затвор, од кои зад решетки ќе помине само четири месеци, а соизвршителот 15 месеци условно. Двајцата припаѓаат на дисфункционални семејства.
„Никогаш не му било кажано што е правилно, а што не е во ред“, рече бранителот на силувачот.
Двајцата не биле свесни што направиле таму додека не ги затвориле, се обиде да ги оправда адвокатот.
Откако на извршителот на силувањето ќе му биде одбиено времето поминато во притвор, тој ќе помине само неколку дена во затвор!
Извор: Експрес
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.