Пешак денеска е прегазен на улицата „Кирил и Методиј“ кај трговскиот центар „Рамстор мол“. Во него удрило возило „ауди“ со скопски таблички.

Повредениот е пренесен во комплексот клиники „Мајка Тереза“.

Сообраќајката е пријавена во СВР Скопје во 11:20 часот.

Од Министерството за внатрешни работи информираат дека увидот е во тек.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.