Дете велосипедист е тешко повредено откако вчера околу 13 часот на регионалниот пат Прилеп – Македонски Брод, на влезот за с.Дебреште, во него удрил автомобил.
Како што соопшти МВР, К.Т.(21) од с.Дебреште, прилепско, управувајќи патничко возило „ауди“, без регистарски ознаки, удрил во велосипед, управуван од деветгодишник, од истото село.
По незгодата, велосипедистот бил пренесен во Градската општа болница Прилеп за укажување на лекарска помош, каде му биле констатирани тешки телесни повреди.
Извршен бил увид на местото на незгодата од увидна екипа од Полициската станица Прилеп.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.