Портпаролот на ВМРо-ДПМНЕ, Димче Арсовски, го критикуваше однесувањето на полицијата која покажува сила кога треба да интервенира против народот, но никаде ја нема кога низ градот има бандитски пресметки со огнено оружје.
На МВР поважно им е дали на граѓаните маската им е под нос или закачена само на едното уво за веднаш да ги казнат, а воопшто не им е важно кој поседува и носи со себе пиштол. За овој хаос и пукање кое што го видовме денеска во центарот на Скопје, пред Градската болница, претходно и во селото Батинци, директно се одговорни и надлежни МВР – изјави Арсовски..
Тој истакнува дека откако е СДСМ на власт, во изминативе години има голем број филмски пукотници низ центарот на Скопје и граѓаните не се чувствуваат воопшто безбедно.
Секој што си зема за право да носи пиштол во себе, се повикува на блискоста со власта и станува опасен за околината, што денеска се виде и во самиот центар на Скопје пред Градската болница, но претходно каде што имаше пукотници во селото Батинци.
Дополнително, голем е сомнежот дека власта крие нешто бидејќи нејасни беа информациите кои ги споделуваа во медиумите. Најпрвин очевидци за медиуми брифирале дека лице со пиштол се заканувало и пукало пред болницата, за потоа експресно МВР и директорот на СДСМ на болницата, да демантираат дека немало никакво пукање пред градската болница, а за што сепак сведочи и автомобилот и пиштолот кои се најдени на паркингот.
Дали и зошто полицијата ги крие овие информации од граѓаните останува нејасно, но се поочигледно е дека доколку од самиот почеток кријат, тоа значи дека можеби се работи за лица кои се блиски до структурите на власта – потенцира Арсовски.
Арсовски додава дека скопјани и граѓаните на Република Македонија не се безбедни со бандити коишто шетаат со пиштоли, а имаат поддршка од луѓето коишто се на власт.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.