Поранешниот министер за здравство и доктор по професија, Арбен Таравари на својот фејсбук профил напиша дека ова е ужасен ден за целата земја.

Денeшниот ден се претвори во ужасен ден за целата наша земја …
Жално е да објавам дека се случила сообраќајна несреќа на автопатот Скопје-Тетово.
Јас се наоѓам во Државната болница во Скопје каде моментално има 4 хоспитализирани лица во Ургентниот центар. Нивната состојба се третира професионално од страна на медицинскиот тим и јас сум убеден во нивната максимална посветеност за спасување на животите на овие луѓе.
Во меѓувреме во болницата “8 Семтември” се хоспитализирани 20 други лица …
Нема ниедна жртва, но морам да ве информирам дека некои од нив се во критична состојба.
За жал, во оваа несреќа се вклучени поединци од различни возрасти, и сите се од Гостивар …
Ова се тешки мигови за сите нас, молиме Бога да ни помогне!, напиша Таравари.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.