Вчера во 15.40 часот на ул.„Димитар Осоговски“ во Виница, полициски службеници го лишиле од слобода Л.И.(66) од Виница, постапувајќи по претходна пријава за постоење основи на сомнение дека сторил кривично дело „полов напад врз малолетно лице кое не наполнило 14 години“.

За настанот е известен Јавен обвинител, а увид на местото на настанот извршила увидна екипа од Полициска станица Виница. По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.