Два тима на Интервентната полиција претпладнево околу 10:30 часот на булеварот Јане Сандански во Аеродром извршија апсење додека трае полицискиот час, објавува Телма.
На фотографиите се гледа како приведените се спроведени во интервентно возило-комби.
Полицајците од двата тима носеа ракавици. По апсењето, полициските возила се упатија во правец на ТЦ Бисер во чија близина се наоѓа полициската станица Аеродром.
Од СВР Скопје велат дека е приведено едно лице осомничено за прекршување на полицискиот час по член 206 од Кривичниот законик. Бил забележан од припадници на полицијата и приведен.
Од МВР утрово соопштија дека од 15 часот до утрово 71 граѓанин не го почитувале полицискиот час.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.