Вчера околу 13 часот на Граничен премин Аеродром Скопје, на излез од РМ, поради основано сомнение за сторено кривично дело „Фалсификување исправа“, приведен е С.Р. (43) од Дибар, Р. Албанија.
При извршениот преглед, кај него била пронајдена британска возачка дозвола, банкарска картичка на име T.P. и албанската патна исправа.
Лицето е приведено за понатамошна постапка.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.