Тетовчанката Наташа Апостолоска која на нозе ја крена целата македонска јавност во разговор за телевизија „Клан“ откри и други детали од несреќата кај „Млечен“, која деновиве добива судски епилог.
Таа во сообраќајната несреќа го изгуби нероденото бебе и сопругот, а самата се здоби со  тешки телесни повреди.

Гоце беше искусен возач на мотори, двајцата имавме заштитна опрема. На семафорот каде што не смее да се врти на лево, наиде возачот Васил, кој со голема брзина без давање на дополнителни знаци на вртење и место каде што не смее да сврти, сврте на две дупли ленти и направи директен судир со нас. Константно сум свесна за тој период. Луѓето кои што се најдоа таму помагаа, дали да да повикаат полиција, да повикаат Брза помош, а Васил не пријде. Тој гледаше само од далеку и не пријде ниту до мене ниту до Гоце за да види што направил. Единствено само забележав дека се јавува по телефони константно.
Во собата каде што само еден параван не делеше, на Гоце му ја утврдија смртта. Слушнав кога кажаа дека починал – вели Наташа за телевизија „Клан“.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.