Апелациониот суд Скопје ја уважи жалбата на обвинетиот Бојан Јовановски – Боки 13 за предметот „Рекет“, со што ја укина мерката притвор и определи мерка куќен притвор.
„Апелациониот суд Скопје до Основниот кривичен суд Скопје достави решение КОКЖ – 68/20 со кое жалбата на обвинетиот Б. Ј., осуден со првостепена пресуда по предметот КОК бр. 116/19, во јавноста познат како „Рекет“, изјавена преку неговиот бранител, се уважува.
Решението на првостепениот суд се преиначува на начин што се укинува мерката притвор кон обвинетиот Б. Ј. и се определува мерка куќен притвор“, соопшти Кривичниот суд.
Тој беше 15 месеци во затворот во Шуто Оризари.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.