Судскиот совет во Кривичен пресуди 7 години и 6 месеци затвор за дедото на малата Тамара Љупчо Стојановски, кој разочаран од здраствениот систем пукаше кон поранешниот минстер за здраство Никола Тодоров. Апелациониот суд иако еднаш ја укина пресудата, по втората одлука донесе решение со која ја потврди високата затворска казна.
„Апеалциониот суд – Скопје до Основниот кривичен суд – Скопје ја достави пресудата КЖ. Бр. 259/19 со која во целост ја потврдува првостепната пресуда на кривичниот суд со К.бр. 1989/18 против Љ.С. за кривичното дело Убиство по член 123 ст.1 в.в со чл.19 од КЗ“, информираа од Кривиниот суд.
Станува збор за кривично дело сторено на 01.06.2017 – та година пред Министерството за здравство за што со првостепената пресуда обвинетиот беше огласен за виновен и осуден на казна затвор во траење од 7 години и 6 месеци.
Стојановски сакаше да пука врз Никола Тодоров на неговиот последен ден како министер за здравство, односно на денот кога тој требаше да ја предаде министерката функција на 1 јуни 2017.
Стојановски имаше право на жалба на првостепената пресуда пред Апелацискиот суд во Скопје. Тој претходно од овој суд доби преиначување на првостепената пресуда за нелегално поседување оружје, и од условна казната му беше сменета во ефективна – една година затвор, по признанието на вина.
Се товареше за две кривични дела – обид за убиство и недозволено изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материи.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.