Прегазената жена на улицата „Методија Шаторов-Шарло“ во Аеродром им подлегна на повредите. Граѓаните реагираат дека улицата е небезбедна за движење, затоа што нема никаква сообраќајна сигнализација, а често по неа се вози брзо, иако е тесна уличка.
Еден од сообраќајните знаци кај маркетот „Жито“ и салонот „Симпо“ е превиткан до земја и оставен е да стои така.
На ова реагира и професорот Димитар Апасиев, кој вели дека помина една година, а градоначалникот остана глув на апелите за пешачки премини и лежечки полицајци.
Необележаната улица у мое маало – „Методија Шаторов Шарло“ (бивша „Руди Чајевац“) вчера ја зема и првата човечка ЖРТВА!!! Само лани, не знам колку апели упатија жена ми и родителите на децата од соседното основно училиште „Блаже Конески“ до градоначалникот Златко Марин и Општина Аеродром да ги обележат пешачките премини и да стават „лежечи полицајци“…
Цела година помина, абер нема од пешачките. Дури и полошо, неколку дена не работи ни уличното осветлување, па улицава навечер е зона сумрака 🙁 p.s. На душа ќе ги носите загинатите бе хоштаплери, додека давате маркици за градежната мафија. Јаз’к да ви се парите проклети!, порача Апасиев.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.