Портпаролот на МВР Тони Ангеловски за Сител изјави дека досега изборите течат мирно без нарушување на јавниот ред и мир.

Ги повикувам граѓаните и учесниците во овие избори така да продолжиме во текот на целиот ден и да имаме мирни и фер демократки избори. Нарушување на јавниор ред и мир нема, но имаше два настани во врска со кинење на гласачко ливче. Гласач во Кичево изјави дека згрешил при заокружувањето и го скинал ливчето. А имаше уште еден случај во Кичево каде еден гласач го фотографирал своето ливче, и за овие настани ќе се преземат соодветни мерки, рече Ангеловски.

Ангеловски дополни и дека службите на МВР работат и денеска за да можат граѓаните да си ги подигнат личните карти.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.