Во активностите за гаснење и превенирање на пожарите во изминатото деноноќие биле ангажирани 644 полицајци. Министерството за внатрешни работи денеска соопшти дека биле реализирани и 222 мото патроли, при што се користени 205 возила.
На терен, како што посочува МВР, секојдневно се и припадниците на сите специјални единици на полицијата – специјалната антитерористичка единица „Тигар“, Единицата за брзо распоредување и Посебната единица за поддршка.
Во соопштението од МВР се наведува и дека вчера се лишени од слобода две лица кои се сомничат дека подметнале пожар. Приведен е 30-годишен жител со иницијали Д.К. од село Баница, осомничен за подетнување на пожарот кај крстосницата кај селат Дабиле и Сачево, како и 60-годишен жител на Дебар со иницијали Б.М., кој се тивари запредизвикување на пожар во атарот на дебарското село Бомово.
МВР апелира строго да се почитува забраната за движење во шумските предели, граѓаните максимално да се воздржат од палење огнови, отпадоци, меѓи и стрништа на нивите, да не се фрлаат неизгаснати догорчиња и да не оставаат стаклени шишиња или други предмети, кои подолго време изложени на сонце, можат да предизвикаат пожар. Неопходна е максимална будност и целосно одговорно однесување на секој поединец, се вели во соопштението.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.