Веќе еден месец нема ни трага ни глас од 25-годишниот Димитар Мицковски, момчето од село Стругово, кое во МВР беше пријавено како исчезнато, пишува МКД.МК.
Сестрата на исчезнатиот, Ана, апелира до надлежните да им помогнат во потрагата до момчето, бидејќи, како што вели, како поминува времето сè помала е надежта дека тој ќе биде најден жив и здрав.
Сестрата на исчезнатиот раскажа дека нејзиниот брат последен пат кога бил виден кога заминал да собира печурки во планина, по која одел од 4-годишна возраст, а работел и за дневница берејќи дрва по планината и добро го познава теренот.
Личните документи, парите, новата облека и мобилниот телефон му биле оставени во викендичката на неговиот татко на планината.
Полицијата чека ние да ја водиме истрагата. Тој замина во Стругово во викендичката на татко ми. Често оди таму на планина, од 4 години го носеа. Таму нема ниту диви животни што може да го повредиле, а тој добро го познава целиот терен. Местото нема густа шума и е проодно. Уште веднаш кога видовме дека не се врати дома доброволци од селото и членови на нашето семејство заминаа да го бараат, а полицијата го пребаруваше теренот дури по 10 дена. Самоиницијативно пребарувавме повеќе пати. Па не се работи за куче, туку за човек. Личните документи му беа оставени во викендичката, а и парите и новите алишта исто така. Значи ако сакал самиот некаде да замине и да не го најдеме, ќе земел сè, а не вака во стара облека и без лични документи. Мобилниот телефон исто така му е дома. И никој не го побара за да направи вештачење, листа на телефонските повици и да го провери, оти ете, можеби постои некоја трага, порака или повик што може да даде одговор на тоа каде е брат ми. Имаме информации и дека во повеќе полициски станици немаат информации за исчезнувањето на брат ми. Досега со дрон, со кучиња трагачи, со специјалната полиција и војската ќе го пронајдеа”, раскажува сестрата на исчезнатиот Димитар за МКД.МК.
Димитар Мицковски има 25 години и е од село Другово, Демир Хисар. Висок е 180 сантиметри.
Пред еден месец заминал да собира печурки во шума и од тогаш му се губисекаква трага.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.