Основното јавно обвинителство Скопје поднело Обвинителен предлог против 43-годишен државјанин на САД, кој на 28 мај се движел во општина Центар во часовите кога движењето на населението беше забрането како мерка за спречување на ширењето на корона вирусот.

Со ова странскиот државјанин го сторил кривичното дело „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“ од член 206 став 1 од Кривичниот законик – соопштија од ОЈО Скопје​​



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.