Измените на Законот за безбедност во сообраќајот веќе се во собраниска процедура, а со нив овој закон треба да се усогласи со Законот за прекршоци, донесен во мај годинава. Одреден е горен лимит на казните за физички и правни лица. Тоа за граѓаните ќе значи дека највисоката глоба за нив ќе изнесува 250 евра. Односно, распонот на глобите за физичките лица ќе изнесува од 15 до 250 евра како највисока граница.
Но, за животозагрижувачките прекршоци, казните нема да се намалуваат. За две пијанства зад волан, ќе се предложи да се одземе возачката дозвола.
Ако од една страна се заложивме за намалување на глобите, постојат сегменти каде мора да се размислува за заострување на казнената политика. Статистиката од контролите кои што ги вршиме покажува дека имаме голем број лица кои управуваат моторно возило над дозволената брзина, под дејство на алкохол или наркотични средства. На ова прашање мораме да најдеме одговор во законот, велат од МВР.
Законските измени предвидуваат на секој возач кој во период од пет години ќе направи два животозагрозувачки прекршоци да му се одземе возачката дозвола, а за нова да треба да полага одново. Во животнозагрозувачки прекршоци законот ги вбројува возење под дејство на алкохол, пречекорување на брзината и почитување на првенство на минување. За нив нема да има промена во казните.
Кај прекршоците за кои е превидена забрана за управување со моторно возило од 3 до 12 месеци (алкохол, брзо возење, престигнување), доколку два пати едно лице му била изречена санкција – забрана за управување со моторно возило, предлогот е да се покрене барање за одземање на возачката дозвола. А штом некој возач прави два пати толку сериозен прекршок, тоа значи дека санкцијата не делувала корективно врз него, па неопходна е построга казна, велат од МВР.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.