Денеска пред ТЦ „Мавровка“ со изјава пред новинарите излезе сопственикот Мевлудин Алити, чиј објект во моментов се руши, и истакна дека има одобрение за обнова на објектот.

Не градев нов објект туку го обновував веќе изгорениот објект, кој предходно беше со метална конструкција – порача Алити.
Неговиот адвокат пак додаде дека објект кој е легализиран и има сопственост, доколку се уништи, согласно законот, сопственикот има право да го обнови со проект за обнова кој, исто така, бил доставен до Општината Чаир.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.