Дали ветувањето на власта дека ќе се утврди вина како избегал поранешниот специјалец Игор Спасов беше само обид за купување време за јавноста да заборави, на скандалот со бегството на затвореникот. Повеќе од 1 месец нема ни трага ни глас од убиецот на Мартин Нешкоски, неофицијалните инфомации и шепкулации се се побројни за разлика од отчетот на институците кои треба да одговорат, но и да сносат одговорносг за Спасов, објавува телевизијата „Алфа“.

Јавноста шпекулира дека осуденикот за убиство или е платеник во Авганисатан или е бегалец во Холандија, објавува телевизијата „Алфа“.

Точно пред еден месец, премиерот во заминување Зоран Заев најави дека истрагата ќе покаже дали бил направен пропуст во прекинувањто на казната, по што тој повќе не се врати во Идризово.

Сасов е осуден на казна затвор 14 години за убиството на Мартин Нешковски, сегашната владеачка СДСМ, за убиството на младото момче тераа цела кампања против тогашната власт ВМРО ДПМНЕ, обвинувајќи ги дека сакале да го сокријат убиството.

Спасов во затвор беше од 2011 година, а последната година му била прекинувана 4 пати поради здравствени проблеми. Тој требаше да се јави во затворот „Идризово“ на 18 октомври годинава. Неговото бегство го открија медиумите а надлежните институции молчеа за случајот цела недела.

извор: Алфа телевизија



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.