Вчера попладне на крстосницата од ул. „Билбил камен“ со регионалниот пат Р-2331 Битола – Ниже поле, се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко моторно возило „Алфа ромео“ со битолски регистарски ознаки, управувано од Б.З. (19) од Ресен и мотоцикл „Дукати Мултистрада“ со холандска национална ознака управуван од холандскиот државјанин Р.В. (58).
Во незгодата возачот на мотоциклот Р.В., се здобил со тешки телесни повреди и бил пренесен во Клиничката болница Битола, каде починал.
Увид на местото на настанот извршиле Јавен обвинител и увидна екипа од СВР-Битола. По наредба на Јавен обвинител, телото на починатиот е дадено на обдукција.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.