Велешанката, чие семејство вчера побара помош за да се пронајде, е пронајдена жива од страна на полицијата.
Како што соопшти нејзиниот брат Спасе, Александра била пронајдена падната во провалија.
Затоа не можел никој да ја најде. Се пуштил до нејзе еден полицаец, штотуку се јави вика повредена е, сега ќе ја извлекуваат, но ќе преживее, соопшти тој на социјалните мрежи.
29-годишната Александра Скорниева вчера околу 8:15 часот излегла од својот дом, без телефон за да извади посмртница за татко ѝ кој починал пред неколку дена, по што не се вратила дома.
Од СВР Велес за локалниот сајт „Батали“ ја потврдија информацијата дека Скорниева утрово е пронајдена кај мостот на браната на езерото Младост. Таа е во добра здравствена состојба и е контактибилна, со мала повреда на телото.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.