Албанските медиуми јавуваат дека утрово во Албанија евидентирани се три жртви од давење во море. Двајца од нив, се државјани на Македонија.

Станува збор за 59-годишник идентификуван од полицијата со иницијали Х.Х. кој се удавил околу 11.15 часот денеска на плажата во Велипоја.

Според Топ Ченел се работи за битолчаните Р. Дамковски (77 години) и Ц. Митановски (79), двајца блиски пријатели кои дошле заедно со група од 52 туристи за да уживаат на албанскиот брег. По ручекот, тројца од нив влегол во морето, но само еден успеал да излезе. 79-годишниот Митановски боледувал од срцеви заболувања. За тројцата ова бил четврти ден откако дошле во Спиле.

Десет минути подоцна уште две лица се удавиле на плажата во Спиле.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.