Ноќва во 01:30 часот на влез во Република Македонија, на Граничниот премин „Ќафасан“, полициски службеници го лишиле од слобода и привеле Ц.Л.(34) од Пешкопеја, Република Албанија.

При пасошка контрола било констатирано дека се наоѓа на Стоп – листа со мерка „апси“ по барање од Интерпол-Атина , Република Грција.

Во 05.30 часот лицето било предадено на полициски службеници од Полициската станица Струга за понатамошна постапка.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.