Дирекцијата за заштита и спасување и денеска продолжи со воздухопловна поддршка и целодневна акција за гасење на пожари на повеќе локации ширум Македонија.

Со направени 12 летови и исфрлени 30 тони вода се дејствувало во местото Орашец во општина Чашка, местото Рамно кај Самоков општина Македонски Брод и во Ново Село, Струмица. Активни пожари во моментов има на територијата на Јабланица и Крушево.

Како што соопштуваат од Дирекцијата за заштита и спасување, со целиот свој капацитет и материјално-технички и човечки ресурси, активно учествуват во справување со огнената стихија во земјава.

И покрај секојдневните апели, предупредувања, забраната за движење на физички лица во шуми и шумски подрачја, пожарите и денеска дивеат низ целава земја. Затоа, уште еднаш испраќаме апел за активно вклучување на сите институции како на локално, така на централно ниво во заштита на шумите и природните ресурси на нашата земја, стои во соопштението од ДЗС.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.