Бојан Јовановски и судијката Васка Николовска Масевска имаа вербална комуникација за време на денешното рочиште за „Рекет“, по што таа му се закани дека ќе бара да биде отстранет од судницата.

Откако Јовановски и неговиот адвокат Сшо Дуковски се пожалија на неговата здравствена состојба, судијката нареди лекар од Итната помош го прегледа Бојан Јовановски.

По прегледот тие си заминаа, а судијката прочита Наод од клиниката на Гастро во кој тие констатирале дека нема малигни атипични промени.

На тоа реагираше и неговиот адвокат дека Јовановски не е прегледан од конзилиум и не може да го следи судењето. Но, судиката тоа не го дозволи и рочиштето продолжи, на што се побуни и самиот Јовановски.

Ова е манипулација. Стручен колегиум не ме прегледа, рече Боки.

На тоа судијката му рече дека ќе го отстрани од судењето.

Ако сакате и обесете ме, возврати Јовановски.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.