Ако имав пушка кога ме апсеа, како што тврди обвинителството, ќе пукав и ќе ги убиев сите, око да не ми трепне. Вака се бранеше Тони Кечев познат како Манџа (40) во Основен суд Велес, каде почна судењето за две кривични дела за кои е обвинет. Нему му се суди за недозволено изработување и држење огнено оружје и за разбојништво. Тој тврдеше дека најдената пушка, главен доказ на обвинителството, му е подметната.

Јас сум ‘црна овца‘ за полицијата во земјава. За работи кои ги сторив во минатото, сега се ми се товари мене – рече Кечев, негирајќи дека ги сторил двете кривични дела.

За разбојништво над Грк во 2010 тој доби 10 години затвор. Претходно, во 1998, беше осуден на 15 години затвор за двојно убиство. Тој пред извесно време во Грција извршил кривично дело разбојништво, за кое бил правосилно осуден на ефективна казна затвор и избегал од државата за да го избегне издржувањето на изречената казна.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.