Во изминатите два месеца, крадец оперирал низ повеќе од 30 станови во скопската општина Карпош, Овој технички софистициран крадец влегувал и си заминувал без никаков проблем, од станови кои претходно ги имал маркирано, дознава „Слободен печат“.
За овој „експерт“ новите кодирани брави и блиндор – врати не се никаков проблем. Ги отвара за десетина секунди, без никој да го слушне. Истражителите, како што дознава весникот, кои со недели се мачат да го фатат на дело, велат дека од поодамна се немаат соочено со ваков „професионалец“ во својата област. Токму тие тврдат дека овој крадец е толку внимателен во тоа што го работи, што не остава зад себе ни ДНК трага.
Според информациите на весникот, досега запленил повеќе од 40.000 евра.
Последната серија кражби се извршени во големиот нов станбен блок на булеварот „8 Септември“ во Тафталиџе 1.
Во оваа зграда има обиено над 10 станови. Сите станови имаат нови брави и врати. Бравите се заштитени со клучеви кои мајсторите ги нарекуваат „К2“. Станува збор за брава која се отвара со еден калаус клуч додека станот е во изградба. Кога сопственикот ќе го добие станот, добива и сет од пет клучеви. Штом еден клуч од сетот се стави во бравата, се активира заштитниот систем и може да се отвори само со клуч од сетот. Барем така ни беше речено. Но, ете за крадците нема проблем ни оваа брава, вели станарка на зградата, која од ненајавената посета на крадецот, ја спасило чиста среќа.
Целата сторија на „Слободен печат“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.