Полициската акција која започна вчера попладне во Прилеп, продолжува и викендов, а до сега уапсени се седуммина од групата која се разбива и е осомничена за трговија со дрога и наркотици. Наводно, осомничени се дваестина лица.

Според неофицијалните информации на „Сител“  во оваа мрежа се вмешани и менаџepи на локали, хотели, па дури и полицajци, кои во изминатиов период соработувале со дилерите на наркотични дроги.

Вчера била запленета марихуна, три возила, поголема количина пари, мобилни телефони и документација.

Од МВР најавија детали за денеска.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.