Во полициска акција на патарината кај Сопот попладнево се уапсени двајца дилери на хероин од Прилеп.
Како што информираат за МИА од МВР, повеќе детали ќе бидат соопштени утре.
-Денеска во попладневните часови, на автопатот Скопје-Велес, во близина на наплатната рампа кај Сопот, полициски службеници приведоа две лица, кај кои е пронајден хероин, информираат од МВР.
Сепак, порталот Релевант.мк пренесува дека се одиграла вистинска драма на патарината Сопот на автопатот Скопје-Велес. Сведоци споделиле видео од апсењето, поради кое настанала комплетна блокада на патот.
Видеото можете да го погледнете ТУКА
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.