Големата полициска акција, која денеска се одвивала околу 14 часот на патот од Плетвар кон Кавадарци, е всушност дел од акцијата за која предмалку извести министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, потврдуваат од МВР.
Во голема полициска акција заедно со Американската агенција за борба против наркотици – ДЕА запленета е дрога во вредност од над 800.000 евра, приведен е висок полициски службеник, информираше преку „Фејсбук“ министерот.
Претходно, очевидци за „Република“ споделија дека цивилни полицајци блокирале една од коловозните ленти, а биле запрени комбе и патничко возило „ауди“.
Прозорецот беше скршен. Полицајците беа во цивилка, со трака на раката. Беа вооружени. Едната лента беше блокирана, рече очевидецот за „Република“ кој поминувал во клисурата во тој период.
Од МВР за „Република“ велат дека детали за целата акција ќе бидат споделени во текот на денот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.