Во скопското село Орешани денеска во 11.25 часот оперативен тим за потраги од СВР Скопје, врз основа на распишана централна потерница и судска наредба, го лиши од слобода И.А.(50) од село Миладиновци, општина Илинден.
Како што соопштија од МВР, ова лице се барало за издржување казна затвор од една година и шест месеци за сторено кривично дело по член 236 од Кривичниот законик.
Лицето било предадено во Полициската станица Драчево за понатамошна постапка.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.