Полициски службеници од СВР Тетово во координација со инспектори од Државниот пазарен инспекторат, вчеравечер во период од 21:00 до 02:00 часот извршија контрола во 12 угостителски објекти на гостиварското подрачје.

Откриени се шест лица кои не поседувале сертификат за извршена вакцинација против коронавирусот и едно лице кое приложило сертификат од друго лице. Три угостителски објекти се времено затворени од Државниот пазарен инспекторат, информира Министерството за внатрешни работи.

Од МВР додаваат дека по целосно документирање на случајот ќе бидат поднесени соодветни пријави.

Слични акции во последните два дена имаше и во Скопје и во Битола, каде исто така се затворени објекти поради затекнатите нерегуларности.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.