Министерството за внатрешни работи во рамки на оперативната акција „Бегалец“ презема интензивни мерки за пронаоѓање и приведување на лица кои се предмет на потрага, односно се бараат за издржување на затворска казна од казнено поправните институции во земјава.

Од досега преземените активности во периодот од 15.09 до 01.10.2020 на територијата на Република Македонија приведени се 59 лица за издржување на затворска казна до десет години и се спроведени во казнено поправните институции – соопшти портпаролот на МВР, Тони Ангеловски.

Покрај тоа, во соработка со полициите од другите земји, обезбедени се повеќе лица кои се екстрадирани и пренесени во затворите во нашата држава. Од Германија е екстрадиран Б.Р., кој беше предмет на потрага по меѓународна потерница за издржување на казна затвор од 32 год. и шест месеци. Од истата земја е екстрадиран и Љ.Ј. кој беше предмет на потрага по меѓународна потерница за истрага по чл.123 од КЗ „Убиство“.

Од Австрија е екстрадиран И.С., кој беше предмет на потерница за издржување на казна затвор од 10 години. Одделението за потраги при Секторот за меѓународна полициска соработка продолжува со интензивни активности за пронаоѓање и приведување на лицата кои се бараат со потерници, додава тој.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.