Осумдесет и четири граѓани во изминатото деноноќие не ја почитувале забраната за движење и го прекршиле полицискиот час. Полицијата привела 67 лица а за останатите МВР најави дека подготвува соодветни мерки.
Исто така, според статистичките податоци за изминатото деноноќие на 31 лице им се издадени решенија за изолација, а 43 лица потпишале изјави за самоизолација. Од страна на полициски службеници извршени се контроли кај лица во изолација и самоизолација и не се евидентирани лица кои не ја почитувале мерката за изолација и самоизолација -велат ос МВР.
Според податоците во самоизолација се над 10 илјади граѓани како мерка за превенција од корона вирусот. Во државен карантин моментално се околу 800 лица а вкупно околу 3 илјади граѓани до сега биле во сместувачки капацитети како повратници од странство. На територија на целата држава се уште тече 85 часовниот карантин. Започна во петокот во 16 часот и ќе трае до вторник до 5 наутро. За време на празничниот викенд право на движење имаат само граѓаните со посебни дозволи а на цела територија дозволи за работа во полициски час обезбедија и маркети и ресторани кои вршат достава до домовите. Право на движење во одредени термини имаат и сопствениците на кучиња но и родителите на деца со аутизам. Ова е втор викенд по ред како цела држава е во изолација, мерка со која треба да се спречи ширењето на корона вирусот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.