Според статистиките на МВР, во текот на изминатото деноноќие на територијата на државата на 59 лица им се издадени решенија за изолација, а 224 лица потпишале изјава за самоизолација.
Oд страна на полициски службеници во извршените контроли над лица во изолација и самоизолација, констатирано е дека само во еден случај едно лице што било во самоизолација не е затекнато во својот дом.
По однос на забраната за движење во текот на изминатите 24 часа евидентирано е дека на ниво на цела држава 72 лица не ја почитувале забраната за движење, приведени се 41 лице, а за останатите се земени податоци и ќе следуваат соодветни поднесоци.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.