Твитерџијата Бојан Василевски ја сподели полициската покана која му стигнала на неговиот татко од Единицата за комјутерски криминал. Како што вели, неговиот 72-годишен татко е повикан на разговор зошто на социјалните мрежи го опцул министерот за транспорт и врски Благој Бочварски.

72 годишен човек(татко ми) го викате на информативен зашо го опцул Бочварски на ФБ!! Па до кога мислите да владеете?!? Еден ден се ќе ви се изнаебам,со најава,да си знаете,да не биде после не сте знаеле!!!, коментира Василевски.

 

Ваквите случаи каде се даваат кривични пријави за коментар или споделување на мислење на социјалните мрежи се сè почести. Јавноста коментира дека власта го апси сопствениот народ, а досега не испратила ни една протестна нота до Бугарија за нивниот постојан говор на омраза, навреди и лаги искажани кон Македонија и Македонците.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.