МВР го потврди случајот со починатото лице на охридска плажа, за кое медиумите објавија дека министерот за здравство, Венко Филипче се обидел да го реанимира.
На 14.08.2021 година во 19.05 часот, во СВР Охрид, од Итната медицинска помош е пријавено, дека на плажа во близина на хотелски комплекс во Охрид има починато лице. Од увидот било констатирано дека станува збор за 71 годишно лице од Скопје, велат од СВР Охрид.
Смрт без траги на насилство констатирал лекар од Итната медицинска помош, а по наредба на Јавен обвинител телото на починатиот е предадено за обдукција.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.