Во првите шест месеци 70 граѓани животот го загубиле на патиштата низ Македонија, оваа година. Во 2018 година, според податоците од СВР Скопје, вкупниот број жртви во сообраќајни несреќи е 118.
За Форумот за граѓански активизам, 2019 година за Македонија е најцрна година на патиштата и потребни се итни системски промени. Статистичките податоци го покажуваат, a тоа и со сигурност може да се консатитира, велат од Форумот, дека 2019 година е најцрна година на патиштата во државата споредувајќи ги последните 20 години.
Само на пример за споредба, во првите шест месеци од 2019 година има зголемување на бројот на жртви во сообраќајни незгоди за 20 проценти во споредба со 2018 година, a во споредба со 2017 година оваа бројка е зголемена за 25 проценти, појаснуваат од Форумот за граѓански активизам.
Оттаму посочуваат дека постојат само декларативни заложби, но намален интизитет на активности и реформи и никакви суштински и системски промени.
Институционалните промени треба да бидат координирани, а пред се насочени кон реформа и зајакнување на легислативата од страна на Министерството за внатрешни работи, вложување во инфраструктура и изградба на модерни патишта од страна на Министерството за транспорт и врски, побрз одговор при случена сообраќајна незгода од страна на Министерството за здравство и конечно формирање на водечко тело за подигнување на безбедноста на патиштата кое треба да биде грижа на Владата на Република Македонија, повикуваат од Форумот за граѓански активизам.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.