Педесет и пет мигранти се пронајдени утринава во 4 часот по полноќ на локалниот пат кој води кон селото Триводи, Струмичко.
Министерството за внатрешни работи во дневниот билтен соопшти дека мигрантите се превезувале со товарно возило „ивеко“ без регистрарски таблички. Возачот откако ги забележал полициските службеници, побегнал заедно со мигрантите, но по претресот на теренот пронајдени се 55-те мигранти.
За настанот е известен јавен обвинител и се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.