Одделението за внатрешни работи Гостивар-Надворешна канцеларија за криминалистички работи, до Основното јавно обвинителство Гостивар, поднесе кривична пријава против 54-годишниот Х.Р, наставник во основно училиште во Гостиварско, поради тоа што на 29 јануари во периодот од 15.30 до 15.45 часот во училница во училиштето повикал малолетно девојче, ја затворил вратата, го прегрнал и бакнал.
Пријавениот Х.Р. е лишен од слобода, по што бил изведен пред судија во претходна постапка на Основниот суд Гостивар, кој му определил мерка притвор од 30 дена.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.