Во угостителски објект во центарот на Куманово биле затекнати 49 лица од кои шест малолетници, при што не биле почитувани мерките за заштита од Ковид-19.
Како што соопштија од СВР Куманово, вчера, во 17.22 часот било пријавено дека во угостителски објект на улица „Гоце Делчев“ има група граѓани кои не ги почитуваат здравствените прописи за време на епидемија.
Полициски службеници и инспектори од Државниот пазарен инспекторат извршиле контрола во објектот, сопственост на И.А.(30) од Куманово, а изнајмен на А.М. (20) од Куманово, биле затекнати 49 лица, од кои шест малолетници, кои не одржувале дистанца и не носеле заштитна опрема, со што биле прекршени мерките на Владата за спречување на ширењето на Ковид-19 – соопштија од СВР Куманово.
По целосното документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.