Во ОВР Кичево вчера беше пријавено дека Г.С.(48) од Кичево е пронајден починат во својот стан, на улицата „Кузман Капидан“.

По пријавата во станот пристигнала Итна медицинска помош која констатирала смрт. По наредба на Јавен обвинител телото е предадено на обдукција, информира Стефан Димоски од СВР Охрид.

Инаку, пред неколку години брат на сега починатиот си го одзеде животот со огнено оружје.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.