Едно лице загина, а две се повредени во тешката сообраќајна несреќа што вчера во 16.40 часот се случи на автопатот Скопје-Тетово, кај „Требошки надвозник“.

Во СВР Тетово било пријавено дека се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „голф“, со тетовски регистарски ознаки, управувано од М.А.(33) од с.Требош и товарно возило „мерцедес“, со скопски регистарски ознаки, управувано од П.М.(34) од Скопје, по што удриле во патничко возило „опел зафира“, паркирано од Ш.К.(49) од Тетово и товарно возило „пежо“, поради дефект паркирано од Е.К.(27) од Тетово, двете со тетовски регистарски.

На местото на несреќата починал пешакот Ф.Р.(45) од Тетово, кој претходно бил сопатник во товарното возило „пежо“, со тешки телесни повреди се здобил пешакот Е.К. кој претходно го паркирал истото товарно возило и со телесни повреди се здобил сопатникот од возилото „голф“, Е.Љ.(31) од Тетово, констатирани во Клиничката болница во Тетово, соопштуваат од МВР.

Извршен бил увид на местото на настанот од Јавен обвинител и увидна екипа од СВР Тетово.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.