Во засилени акциски контроли во областа на сообраќајот во текот на вчерашниот ден, на територија на Град Скопје се изречени вкупно 199 мерки, меѓу кои за возење под дејство на алкохол 33 санкции, 41 мерка за возење повеќе од дозволената брзина, 21 санкција за возење без возачка дозвола.
Како што соопшти Министерството за внатрешни работи, изречени се 10 мерки за технички неисправни и нерегистрирани возила, 17 санкции за недавање првенство на минување на пешаци, 12 прекршоци што ги чинат пешаците, 37 за непрописно паркирање.
Од МВР најавуваат дека засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.