На Клиниката за анестезија, реанимација и интензивно лекување – КАРИЛ во Скопје, утринава во 5 часот почина уште еден од пациентите кои настрадаа во сообраќајната незгода кај селото Ласкарци. Станува збор за петнаесеттиот загинат, маж на возраст од 39 години, соошти Министерството за здравство.
Патникот при несреќата се здобил со тешки повреди на градниот кош и белите дробови и веднаш е пренесен во болницата „8-ми Септември“, од каде поради сериозноста на повредите уште вечерта е пренесен на КАРИЛ.
Врз повредениот биле извршени две операции истата вечер откако бил донесен на Клиниката, поради големото крварење од белите дробови.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.