Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (01.09.) продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.

На територијата на град Скопје во текот на вчерашниот ден изречени се вкупно 310 санкции, меѓу кои возење без возачка дозвола 17 лица, пречекорување на дозволената брзина на движење 106 прекршоци, технички неисправни и нерегистрирани возила 17, 12 санкционирани мотоциклисти, 81 меркa за непрописно паркирање, а изречени се 37 казни за неносење на заштитна маска, информира МВР.

Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.