Во понеделникот во периодот од 6 до 10 часот на територијата земјата спроведена е акциска контрола на возила што вршат јавен превоз на ученици, за зголемување на безбедноста на учениците од дома до училиште и од училиште кон дома.

При контролата констатирани се 30 прекршоци. Од нив 23 возила се упатени на вонреден технички преглед, исклучени од сообраќај се пет возила кои вршат јавен превоз.

Изречени се четири санкции за возење без возачка дозвола, три мерки за технички неисправни возила.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.