Постар скопјанец е тешко повреден откако бил прегазен во центарот на градот.

Како што соопштија од МВР, несреќата се случила вчера во 09.20 часот во Скопје на крстосница од ул.„Наум Наумовски Борче“ и ул.„Аминта Трети“, кога патничко возило „опел“, со гостиварски регистарски ознаки, управувано од Ќ.Џ.(30) од Гостивар, удрило во пешак Т.Х.(88) од Скопје.

По незгодата Т.Х., бил пренесен во Комплекс клиники „Мајка Тереза“, каде му се констатирани тешки телесни повреди.

Увид на местото на незгодата извршила екипа од СВР Скопје.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.