На граничниот премин „Деве Баир“ при контрола во автобус на туристичка агенција од Скопје, полициски службеници од Одделот за гранични работи и миграции денеска откриле 30 PCR тестови за Ковид-19, за кои постои основано сомнение дека не се валидни, односно дека не се извадени од овластена медицинска установа. Тестовите биле приложени од патниците и по направени дополнителни проверки биле одземени, соопшти Министерството за внатрешни работи.

Двајца албански државјани, како што се посочува, биле лишени од слобода и биле изведени пред судија на претходна постапка.

За останатите 28 патници, македонски државјани ќе бидат направени дополнителни проверки и против нив ќе бидат поднесени пријави до Основното јавното обвинителство по член 206 и член 378 од Кривичниот законик, стои во соопштението.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.