Утринава во 01 часот и 30 минути на улица „Моша Пијаде“ во Берово автоомобил изгубил котрола и удрил во бетонски ѕид, при што со повреди се здобило 27- годишно момче.
Имено патничко возило „Фиат пунто“ со беровски регистарски ознаки, управувано од 27- годишниот Г.К од село Русиново, беровско, изгубил контрола и удрил во бетонски столб.
Г.К. се здобил со тешки телесни повреди и бил пренесен во Здравствен дом– Берово, а потоа префрлен во Клиничката болница – Штип.
Увид извршила екипа од Полициската станица Берово.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.